Маркерите на Кокино го означија почетокот на летото

Археолози и неколкумина граѓани утринава присуствуваа на мегалитската опсерваторија Кокино, каде го следеа природниот феномен, појавување на сонцето низ маркерот на летната рамноденица. Сонцето изгреа во 4 часот и  58 минути, а низ камениот процеп на археолошкиот локалитет зраците поминаа во 6 часот и 15 минути. На тој начин беше означен почетокот на летото, односно најдолгиот ден во годината. Се смета дека од денеска почнува да се намалува должината на денот.

-Сонцето на 21-ви март се појави на строгиот исток и од тогаш на секои три дена се поместуваше за еден дијаметар северно, така што максималниот северен отклон од околу 24 степени во однос на позицијата исток-запад го достигна денеска и овој ден затоа е и најдолг затоа што лакот на сонцето на небото е најоглем. После ово датум сонцето почнува да се враќа пак кон исток за да околу 20-ти септември излезе пак на маркерот за рамнодениците. Денеска присуствувавме на раѓањето на најголемиот ден во годината. Од денеска понатаму деновите ќе почнат да се смалуваат-изјави Јовица Станковски.

Различните истражувања за ова локалитет покажуваат дека филигрански изработените маркери на Татиќев камен освен одредување на календарот преку набљудување на Сонцето и Месечината, се користеле и за одредување на различни периоди од годината преку набљудување на ѕвездите. Астрономите на северната тераса откриле маркери за големата ѕвезда Алдебаран.

 

 

 

Коментари

коментар(и)