Од дневниот билтен на МВР ги издвојуваме следниве настани:
41-годишна кумановка вчера пријавила дека во паркот „Соколана“ нејзиното малолетно дете било каснато од куче скитник, информираат од СВР Куманово.
Исто така, вчера во 09.30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 38-годишен кумановец бидејќи физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.
Лишен од слобода уште еден кумановец на возраст од 30 години бидејќи при преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
