ВИДЕО: Основното училиште „Вук Караџиќ“ со хуманитарна акција
„Биди хуман, подари насмевка“ е мотото на хуманитарната акција што се организира во основното училиште „Вук Караџиќ“, кое неодамна го одбележа патрониот празник. Акцијата за собрање на облека и книги е на иницијатива на училишниот парламент, а е наменета за ученици од ранливи категории семејства, пред се, оние кои што посетуваат настава во „Вук Караџиќ“, но и за останати ученици, особено од руралните средини.
Следната активност на училишната заедница ќе биде собирање парични средства за новогодишно украсување на училиштето.
Штандот за собирната акција е во холот на училиштето каде што хуманите граѓани можат да донираат облека, книги и лектири.
По завршената акција, училишниот парламент ќе додели благодарници на сите донатори.
Повеќе на оваа тема во вестите од изјавите на Николче Јакимовски, наставник по македонски јазик и ученичката Нела Пандиловска, претседател на училишен парламент во ООУ„Вук Караџиќ“.