Три автомобили и деловен објект биле опожарени ноќеска во Куманово.
СВР Куманово информира дека ноќеска во 03.20 часот било пријавено дека бил опожарен деловен објект на улица „11 Октомври“, сопственост на М.Ј. од Куманово.
Исто така, било пријавено дека биле опожарени три патнички возила на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово, и тоа патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Б., патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е. и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ш.
Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, известен е и јавен обвинител.
Како што информираат од Јавното обвинителство бил извршен увид на локациите на опожарување на автомибилите и деловната просторија.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор“, информираат од Јавното обвинителство.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.