Десетта крводарителска акција на Основната организација на Црвениот крст од Општина Старо Нагоричане

28 единици крв беа собрани на десеттата крводарителска акција во организација на Црвениот крст од Општина Старо Нагоричане која се одржа изминатиот петок. Доброволно даруваа крв вработени во општината, но и хумани луѓе од регионот.

-Основната организација на Црвен крст при Општина Старо Нагоричане во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 29 ноември годинава организираа крводарителска акција во просториите на Општина Старо Нагоричане, која воедно беше и 10- годишен јубилеј во организирање на хуманитарните акции за дарување на крв. Крводарителската акција беше успешно завршена при што голем број на вработени во општинската администрација и сите заинтересирани жители донираа доброволно крв и успешно се даруваа 28 единици на крв. После завршувањето на крводарителската  акција беа доделени благодарници на крводарителите во знак на благодарност за нивната хуманост што ја покажуваат на нашите хуманитарни акции. Нашата визија е да ја продолжиме традицијата  која ја започнавме пред 10 години, да ги продолжиме нашите хуманитарни активности и во иднина со цел ширење на хуманоста и позитивноста во нашето општество, изјави претседателот на Основната организација на Црвен крст на Општина Старо Нагоричане Мирослав Славковски.