Изложба „Живи форми“ на Мирослава Цветковиќ в петок во центарот за култура

Во центарот за култура „Трајко Прокопиев“  в петок во 19 часот и 30 минути ќе биде отворена изложбата „Живи форми“ на кумановската уметница Мирослава Цветковиќ.

Мирослава Цветковиќ е родена во 1973 година во Куманово. Дипломирала 1998 година на Факултетот за ликовни уметности (оддел Графика, насока графички дизајн) во Скопје, во класата на проф. Зоран Јакимовски. Член на ДЛУМ од 1998. год. Реализирала резиденцијален престој во Cité Internationale des Arts во Париз во студиото на Македонија, септември/октомври 2002 г.