Ќе се пошумува околу браните во Липково
Во општина Липково (место наречено Рамниште, во близина на Филтер станицата) денеска потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, ќе ја започне акцијата на садење на дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени, со вкупна површина од околу 400 хектари во целата држава.