ЦУ: Спречени повеќе обиди за криумчарење
Од Царинска управа информираат дека во текот на изминатата седмица, цариските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење.
– Македонски патник враќајќи се од Дортмунд се обидел преку граничен премин Табановце во автобусот со кој патувал да криумчари разна стока, меѓу коишто и 21 фиберскопи за индустриски цели. Во намерата е спречен од царинските службеници на граничниот премин кои при контрола на автобусот, во торбата во сопственост на патникот, ги пронајдоа непријавените производи. Пронајдени и обувки, како и радио апарати за автомобил.
– Мобилни тимови во три одделни случаи запленија речиси 3.000 играчки, школски прибори и 50 блутут слушалки со ознаки на заштитени трговски марки. Делата се откриени при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 3 и царинска испостава Куманово. За запленетите производи се поведени постапки за утврдување на оригиналност.
– Миксета Allen & Heath со вкупна вредност од 153 илјади денари е откриена при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Табановце.
– Мобилен тим спречи обид за шверц на разна стока, меѓу којашто облека, обувки, тротинети и електричен алат. Непријавената стока е откриена при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Возачот стоката ја скрил под горниот и под долниот кревет во кабината на камионот. Производите се запленети, а против сторителот е поведена соодветна постапка.
– 80 пакувања ленти за дихтување, се откриени од страна на мобилен тим при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на релација Швајцарија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи, сопственост на возачот, биле пронајдени во 4 куфери, сместени во просторот за багаж на автобусот.