Денеска на глобално ниво се одбележува Меѓународниот ден на човековите права. На 10 декември 1948 година, во Париз од страна на Генералното собрание на ОН е увоена Универзалната декларација за човековите права. Според декларацијата „сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинството и правата.“ Но, постои и Конвенција на ОН за правата на лицата со попречност чија цел е да се промовира, да се заштити и да се обезбеди целосно уживање на сите човекови права и фундаментални слободи на сите лица со попреченост. Еден од членовите на Конвенцијата се однесува на пристапност, односно лицата со попреченост имаат право на пристап до сите аспекти на општеството на еднаква основа со другите, вклучувајќи ја и физичката средина, транспортот, информациите и комуникациите и други објекти и услуги обезбедени за јавноста.
За тоа колку нашиот град, институциите, тротоарите, станбените објекти се пристапни за лицата со попречност неодамна разговаравме со претседателката на здружението „Инклузива“, Благица Димитровска.