ВИДЕО: Одбележани 80 години од загинувањето на Тоде Мендол во село Дренак

На денешен ден пред 80 години загинал легендарниот учесник во Кумановскиот паризански одред Тоде Мендол.

„Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово – ЗАПВАРС по повод одбележување на годишнината традиционално вчера положи цвеќе и оддаде почит на борецот и мој роден чичко Тоде Мендол во село Дренак“, информираше денеска потомокот Тоде Георгиевски, кој го носи името на чичко му.

Тоде Мендол е роден во 1924 година во Куманово. Потекнува од сиромашно работничко семејство, по струка бил ѕидар. Како младинец се движел во кругот на напредна работничка младина и го збогатувал своето образование. Член е на СКОЈ од 1941 година, а како борец на Кумановски партизански одред учествувал во повеќе акции и борби против бугарскиот окупатор.

Повеќе за последната, решавачка борба на Тоде Мендол од изјавата на потомокот Тоде Георгиевски.

Коментари

коментар(и)