Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово поднесе кривична пријава против 35-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и дигитална вага, соопшти полицијата.