Кај кумановец пронајдена растителна материја

Полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчера лишиле од слобода 38-годишен кумановец. При претрес кај него, извршен по судска наредба, била пронајдена растителна материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)