Централното градско подрачје на Куманово повторно светна во новогодишно руво. Годинава набавени се и нови украсни елементи кои дополнително ја внесуваат новогодишната магија во градот. Веќе три години по ред Општината украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се користат и наредните години, при што постојано ќе се зголемува бројот на украсни елементи, а за новогодишната светлечка декорација се грижи приватна компанија, велат надлежните. Останува само да светне и новогодишната елка на градскиот плоштад.