Куманово догодина ќе биде уште поквалитетно украсено, најавија надлежните

-Следната година ќе имаме уште поквалитетно украсување. Директорот на ЈП „Куманово паркинг“ работи согласно годишната програма која му ја донел овој совет и постапува по истата во делот на набавка на нови украси. Ние не рентаме како во минатото за 4, 5, 6 милиони денари по сезона, туку домаќински купуваме секоја година во износ од два до три милиони денари. Тие остануваат во наша трајна сопственост и истите содржини ги збогатуваме. Затоа Куманово преку ноќ нема целосно да биде украсено, но факт е дека од година во година со поголем број набавки се збогатува таа содржина и веќе следната година ќе имаме уште поквалитетно украсување. Многу лесно може да дадеме и 10 или 15 милиони денари како одредени општини, да одвоиме од програмата изградба на инфраструктура и улици и Куманово да биде најубаво украсено, но тоа ќе трае 15 дена тие пари ќе се потрошат и по празниците треба да се вратиме на реалноста, а дупките и комуналните проблеми ќе ни останат, рече Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово, одговорајќи на советничко прашање.