Чуварите на традицијата, здружението „Коледари“ е подготвено за чествувањето на Бадник по 25-ти пат во Куманово.
На 6-ти јануари со почеток во 10:30 часот коледарите ќе се соберат во Касапски круг, а еден час подоцна ќе започне литургија во Соборниот храм „Свети Никола“ каде што ќе се подели и коледарска погача.
Точно напладне ќе започне коледарската поворка низ улиците на градот, а по половина час ќе пристигне на градскиот плоштад.
Годинава на манифестацијата ќе присуствуваат и граѓани со зурли од Галичник.
На плоштадот ќе има обраќање новиот кум, а ќе бидат поделени и бадниковите гранчиња, греана ракија и овошје. Дружењето со граѓаните ќе трае до 13:30 часот.
Кум на годинешното издание на манифестацијата е Драган Трајковски.
Здружението „Коледари“ ги повикува сите граѓани да им се придружат на чествувањето на Бадник.
Претходно, коледарите набраа бадникови гранчиња во селото Колитско.