Поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (на 01.01. и 02.01.2025 година со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), согласно добиениот акциски план со краткорочни мерки за чист воздух (ноември-февруари 2024-2025година) од министерството за животна средина и просторно планирање и заклучокот на Владата на РСМ од триесет и третата седница, општина Куманово им препорачува на граѓаните:
– да се користи јавниот превоз,
– да не се користат возила без поголема потреба,
– да се возат повеќе лица со едно возило истовремено,
– да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал,
– да се користат правилно печките за дрва и
– строга забрана на горење на отворено.
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РСМ ги даваат следниве препораки поради надминување на праг на информирање за квалитет на воздух:
– се потенцираат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма),
– се потенцираат ограничени движења и активности на лицата, кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор.
