Божиќна честитка од градоначалникот Максим Димитриевски

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски по повод Божиќ, вчера на првиот ден од празнувањето упати Божиќна честитка, во која се вели:

-Денес е светол ден, го прославуваме Христовото раѓањесо надеж и верба, кои ни даваат неизмерна сила, ни го осветлуваат патот кон нови предизвици, заедно да чекориме напред кон нови победи.Нека ве грее огнот на среќата, душата нека  ви биде исполнета со топлина, срцето со милост, очите со светлина…Празникот нека ви дарува богата трпеза, мир на душата, љубов кон најблиските, нека ве води радоста…! Да се обидеме да ја зачуваме Божиќната магија во текот на целата година, да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме добрина секој ден… Честит Божиќ, Христос се роди!