Жител на Орашец приведен заради агресивно однесување кон полициски службеници
На 07.01.2025 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово привеле 59-годишен жител на кумановското село Орашец затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.