Во Куманово повторно препораки до граѓаните заради аерозагадувањето

Општина Куманово повторно со препораки заради високо ниво на аерозагадувањето во градот. На граѓаните им се препорачува да се користи јавниот превоз, да не се користат возила без поголема потреба, да се возат повеќе лица со едно возило истовремено, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, да се користат правилно печките за дрва и строга забрана на горење на отворено.

И министерството за здравство и институтот за јавно здравје на РСМ со препораки поради надминување на праг на информирање за квалитет на воздух: се потенцираат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата  популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и ограничени движења и активности на лицата, кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор.