ВИДЕО: Ќе се обезбедат средства за манастирот во Матејче

Министерството за култура и туризам и Националниот конзерваторски центар ќе обезбедат средства за манастирот во Матејче, информираа надлежните од двете институции при неодамнешната посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане. Министерството за култура претходните години одвојуваше средства за непосредната заштита и реализација на проектот за конзервација и реставрација, препокривање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче.

Група верници пак, во манастирскиот комплекс Карпино бараат дозвола од центарот за ревитализација на тамошните конаци. Од Националниот конзерваторски центар ги повикаа да ја достават иницијативата, да ја разгледаат и доколку проектот се вклопи во историскиот амбиент, тогаш би можело да се интервенира.