Според надлежните локални самуправи сите патни правци во Куманово, Старо Нагоричане и Липково се проодни, освен кон одредени села.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, сите патни правци во надлежност на Општина Куманово се исчистени и проодни.
– Се чистат со приоритет патните правци низ градот и населбите, а во текот на утрешниот ден ќе се чистат и патните правци кон селата, велат оттаму.
Се интервенира и на расчистување на локалните патни правци во Старо Нагоричане.
– Лицето за контакт со Општина Старо Нагоричане не извести дека во текот на денешниот ден ќе интервенираат на расчистување на локалните патни правци низ Општината, исто така не извести дека сите патни правци се проодни во општината, велат од РЦУК.