Приведени кумановци барани со потерница

Четири лица од Куманово, во два одвоени случаи биле приведени во текот на вчерашниот ден, а биле барани со потерница за издржување затворски казни. Во првиот случај биле приведени три лица барани за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „ тешка кражба“, а во вториот случај приведен е 32 годишен кумановец кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ .

Сите лица биле спроведени во Казнено-поправна установа Затвор Куманово во село К’шање за издржување на казната.