Општината со јавен повик за остварување на правото на народна кујна за 2025 година
Општина Куманово објави јавен повик за остварување на правото на народна кујна на територија на општина Куманово за 2025 година
Правото на користење на народна кујна, го опфаќа правото на еден дневен оброк за едно лице кој ќе биде обезбеден од страна на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“, Куманово како давател на услугата со финансиска поддршка од страна на Општина Куманово за лица кои се наоѓаат под најголем социјален ризик.
Се повикуваат сите граѓани (физички лица), кои се наоѓаат под наjголем социјален ризик да пројават интерес на овој јавен повик, а тука спаѓаат лица- корисници на гарантирана минимална помош во ЈУМ Центар за социјална работа Куманово, лица корисници на право на социјална сигурност на стари лица и лица со интелектуална попреченост, лица со телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице.
Едно лице може да искористи еден оброк на дневно ниво. Лицата оброкот го подигнуваат со важечка лична карта. Еден барател може да поднесе едно барање во кое може да ги наведе и останатите членови на своето семејство како соуживатели на право на користење на народна кујна и за истиот ќе бидат пресметани толку оброци колку што има членови на семејството.
Јавниот повик е објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk
Јавниот повик ќе трае тековната фискална 2025 година.
Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Куманово, Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита“.
За сите подносители на барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде изготвено решение од страна на Градоначалникот на Општина Куманово и истото ќе биде истакнато на видно место во просториите на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“, Куманово, како давател на услугата.