Два нови случаи на ковид-19 во Куманово

Два нови позитивни случаи на ковид-19 се евидентирани во Куманово од шести до 12 јануари годинава, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Од вкупно шест случаи на ниво на државата, освен во Куманово, двајца новозаболени се регистрирани во Струмица и по еден случај во Скопје и Кичево.

Пет лица од новите случаи биле на возраст над 60 години. Еден случај бил регистриран од возрасната група од 40 до 49 години.

Во текот на 2025 година, а заклучно со 12 јануари, регистрирани биле вкупно 11 заболени лица.

Институтот за јавно здравје препорачува следење на основните мерки за превенција на ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања, бидејќи периодов постои ризик од раст на новозаболени.

Спорд ИЈЗ, вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица.