Двајца кумановци кривично ќе одговараат за поседување пиротехника
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против двајца кумановци на возраст од 18 и 57 години поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи’’.
Според полицискиот билтен, на 14.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над 18- годишниот кумановец, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Во вториот случај, на 31.12.2024, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле пиротехнички средства.