ВИДЕО: Со субвенционирање на приклучок за гас и набавка на инвертер клима уреди ќе се намалува аерозагадувањето во Куманово

Општина Куманово преку краткорочни и долгорочни мерки се обидува да гo го намали аерозагадувањето во градот. Бесплатниот јавен превоз, аеросолизација, строга забрана за палење на отворено, препораката да не се користи за загревање на просториите прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво или мебел, но и субвенционирање на приклучот за гас, како и најавата за субвенционирање на сто семејства за набавка на инвертер клима уред во вредност од 20.000 денари се дел од мерките кои треба да придонесат за почист воздух во Куманово, но доколку граѓаните се одговорни и ги почитуваат мерките и препораките од локалната самоуправа.

Општина Куманово годинава ќе го субвенционира приклучокот за гас за физички лица со 25.000 денари, за разлика од минатата година кога изнесуваше 15.000 денари.

Но, во ноември 2024 година, беа зголемени и цените за приклучок за гас во Куманово.

Приклучната цена за гас во Куманово сега изнбеа есува 1.250 евра за физички, додека за правни субјекти е 1.885 евра, соопштија денеска надлежните од претпријатието „Куманово-Гас“

-Ова е веќе втора година, лани доста беа искористени субвенциите за приклучок на гас затоа што и Владата пружи дополнителни средства така што голем број на наши сограѓани се поврзаа на гас, меѓутоа гасот беше доста скап во тој период мислам дека интересот ќе си остане, нешто што е дополнително, а што планираме, меѓутоа се уште не е допрецизирано да се шири гасификационата мрежа преку владините пари кои што ќе дојат во 2025 година што значи дека општина Куманово навистина размислува и работи на план за спречување на загадувањето на воздухот, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Совет на општина Куманово