Четириесет и четиригодишен кумановец завчера бил приведен, по пријава во полицијата дека во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и оштетил дел од покуќнината, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, велат надлежните.