ВИДЕО: Заврши епидемијата на голема кашлица

Заврши епидемијата на голема кашлица, информираа денеска надлежните одделението за епидемиолошка дејност во центарот за јавно здравје Куманово. Последниот случај е регистриран во ноември минатата година, а вкупната бројка изнесува 107 случаи на пертусис, соопшти раководителката д-р Јадранка Стаменковска.

Што се однесува до состојбата со сезонски грип,  во текот на втората недела од годинава вкупно се пристигнати 118 пријави на случај на грип или заболувања слични на грипот. Во однос на претходната седмица два пати е зголемен бројот на заболени, а споредбено со истиот период минатата година станува збор за зголемување од два и пол пати, истакна Стаменковска.  Според неа, со започнување на второто полугодие од учебната година се очекува и пикот на сезонски грип во февруари месец.