ВИДЕО: Потстанарите – корисници на минимална помош можат да аплицираат за субвенции

До 16-ти февруари годинава, корисниците на гарантирана минимална помош за 2025 година, лица кои што живеат под кирија, можат да аплицираат за субвенционирање на трошоците за домување на материјално и станбено необезбедени лица од страна на општина Куманово. Овие лица паралелно можат да користат и субвенции за комуналии, односно за сметки за потрошена вода и смет.

До 16-ти февруари трае и пријавувањето за субвенции за комунални услуги, а можат да аплицираат повеќе категории на граѓани.