Цариниците на Граничниот премин Табановце изминатата недела спречиле шверц на облека, инсулински игли и делови за моторна санка.
Во првиот случај, како што информираат од Царинската управа 1.100 инсулински игли биле откриени од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце.
Службата за мобилни скенери спречила и обид за криумчарење на седум делови за моторна санка.
– Делото е откриено на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на камион со македонски регистарски таблички, во којшто биле скриени деловите, велат од Царина.
Во трет случај, бил спречен шверц на 73 парчиња облека и обувки кои биле откриени од страна на Службата за мобилни скенери, во патните торби на македонски државјанин при контрола на автобус на граничниот премин Табановце.
Во одделен случај кај патарината Романовце биле запленети лекови, претежно за дијабетичари.