ВИДЕО: Целосно исполнет капацитетот на домот за стари лица

170 граѓани од повеќе градови се сместени во домот за стари лица во Куманово, со што максимално е пополнет капацитетот на установата.

Листата на чекање за прием во домот секојдневно се менува, но најчесто бројката се движи од 20 до 30 баратели.

„2024-та за домот „Зафир Сајто“ беше успешна година“,  вели директорот Дејан Стојановски.