Опожарен оџак на семејна куќа

Екипа на Територијалната противпожарна единица вчера интервенирала на опожарен оџак на семејна куќа лоцирана на улицата „Крсте Мисирков“ во Куманово. Пожарот бил изгаснат за околу половина час.

Претходно, во атарот на селото Романовце пожарникарите гаснеле опожарен автомобил.

Причините за избувнувањето на пожарите допрва ќе се утврдуваат.