Жител на Клечовце нанел убодна рана на соселанец, напаѓачот приведен
Од билтенот на СВР Куманово ги издвојуваме следниве случаи:
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 69-годишен жител на село Клечовце, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека претходно во селото со остар предмет го нападнал 33-годишен сожител и му нанел убодна рана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во друг случај, полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 43-годишен жител на село Отља, општина Липково и 34-годишен жител на село Липково. Како што соопшти СВР Куманово, при претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, била пронајдена марихуана, дигитални ваги и дробилка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.