Педесет и прва седница на Советот на oпштина Куманово в среда неделава
Советот на општина Куманово в среда ќе одржи редовна седница со предложени 21 точка на дневен ред.
Извештај за реализација на програмата за работа на Советот на општина Куманово за 2024 година и предлог – програма за работа на Советот на општина Куманово за 2025 година се првите две точки за кои ќе дискутираат советниците.
Ќе се расправа и за јавните претпријатија, а ќе биде предложена и одлука за измена на одлуката за извршување на буџетот на општината за 2025 година.
На седницата ќе биде презентирана информација за запишување на ученици во I-ва година и актуeлни состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ во општина Куманово во учебната 2024/2025 година, но и информација за запишување на училишните обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и актуелни состојби во основното образование во општина Куманово во учебната 2024/2025 година.
Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус.