Таравари: Се надевам неделава клиниката ќе биде снабдена со биолошка терапија
Министерот за здравство Арбен Таравари се надева дека оваа недела ќе бидат обезбедени шесте биолошки лекови што недостигаа за пациентите од Клиниката за онкологија,
-Недостасува само биолошка терапија и тоа само шест-седум дена. Се надевам дека оваа недела Клиниката за онкологија ќе биде снабдена со биолошка терапија. Ние досега сме имале дури повеќе отколку минатите години биолошка терапија. Меѓутоа, побарувањата од пациентите се многу поголеми, затоа веќе имаме протоколи и конзилиум од доктори, бидејќи навистина е луксузна и не треба да се даде баш секаде, туку таму каде што е индицирано и таму каде што лекарскиот конзилиум ќе одлучи дека треба да се даде биолошка терапија, изјави Таравари.