ВИДЕО: Над петстотини пожари регистрирани минатата година

521 интервенција за гаснење на пожар минатата година регистрира Територијалната противпожарна единица Куманово. Најголем број од интервенциите биле на пожар на отворен простор, а опожарени биле околу 900 хектари површина, информира командирот Деан Илиевски. Тој посочува дека за разлика од 2023 година, лани била повисока проценетата материјална штета и е во вкупен износ од околу 42 милиони денари. Во пожарите починаа и две лица, а едно беше повредено.