Се намалуваат цените на горивата

Дизелот и Екстра лесното масло за горење се намалуваат за 2 денари, бензинот Еуросупер БС 98 за денар, а бензинот од 95 октани за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

За 1,240 денари за килограм помалку ќе се продава и мазутот, во сите малопродажни објекти во државата.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 42,261 (денари/килограм)

Проесечното намалување на дериватите е 2,08 проценти, согласно референтните цени на светскиот пазар.