ВИДЕО: Асани: Лекарите да се ослободат од обврската за верификација на телефонски броеви
Лекарите треба да се ослободат од обврската за верификација на телефонски броеви на своите пациенти, смета претседателот на Здружението на приватни лекари Куманово, д-р Фатмир Асани. во меѓувреме, за пациентите кои што немаат мобилни телефони, матичните лекари ја користат опцијата ИТНОСТ, појаснува д-р Асани.
-Околу верификацијата на телефони кај матичните доктори можеме да кажеме дека таа дополнителна обврска ни одзема време кое треба да го посветиме на пациентите. Ваков проект не се прави без да се известат пациентите заради тоа што не секој има мобилен телефон, не секој има смарт телефон и не секој знае да раководи со телефоните. Оваа обврска потребно е да се сработи од некоја друга институција или на гугл секој сам да си го ажурира телефонот, ако има апликација – ажурурај го телефонот. Нема технички можности од ниедна страна за да успее проектот сто проценти. За среќа, имаме опција ИТНОСТ, па оние што немаат телефони така ги услужуваме. Така што нашиот став е дека од оваа обврска треба да се ослободат докторите – изјави д-р Фатмир Асани, претседател на Здружение на приватни лекари Куманово