ВИДЕО: ЦРЗ „Дром“ го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Центарот за ромска заедница „Дром“ денеска го одбележа Меѓународниот ден на Ромите во Занаетчиски дом.

„Настанот претставува значајна можност да се истакне богатството на ромската култура, да се промовираат основните права на Ромите да се поттикне социјалната инклузија“, посочуваат надлежните од „Дром“.

„Образованието е клучниот проблем на ромската заедница. Доколку Ромите го комплетираат образованието, ќе имаат поголеми шанси за вработување и подобар живот“, истакна раководителот на Секторот за образование во општина Куманово Александар Јовановиќ.