Крводарителска акција во општина Старо Нагоричане
Општинската организација на Црвениот крст од Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина неделава спроведе крводарителска акција која се одржа во општина Старо Нагоричане.
„Акцијата траеше од 08:00 -15:00 часот, а својата хуманост на дело ја покажаа 21 крводарители од општина Старо Нагоричане“, информираат надлежните.