Од денеска се ставаат опомени на хаварисаните возила
Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при општина Куманово ги известува граѓаните на територија на Куманово дека од денеска (10.04.2025 година) се ставаат ОПОМЕНИ на хаварисани, неисправни или нерегистрирани моторни возила, кои се паркирани на јавна површина во градот, објави градоначалнито Максим Димитриевски.
Се повикуваат сопствениците на ваков вид возила да се обратат до Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат, со цел возилата бесплатно да им бидат транспортирани на соодветна локација.
Во спротивно, доколку сопствениците не постапат согласно со бараното, против нив ќе биде поднесена Пријава за сторен прекршок, според член 63, став 1 и 2 (Закон за безбедност на сообраќај на патишта), член 14 а, став 2 (Закон за јавна чистота) и член 67, став 3 (Закон за управување со дополнителни текови на отпад).