Шестгодишното девојче пронајдено во скопската општина Гази Баба, по претходна пријава за исчезнато лице
Шестгодишното девојче кое што вчера беше пријавено за исчезнато, пронајдено е на подрачјето на скопската општина Гази Баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 14.04.2025 во 15.00 часот во СВР Куманово, С.Т.(28) од Куманово пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот.
„Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач“, пишува во дневниот билтен на МВР.