Хуманитарното здружение „СРЦЕ 2025“ од с.Старо Нагоричане организираше хуманитарна акција по повод големиот христијански празник Велигден.
„Поделивме 31 хуманитарен пакет со прехранбени производи и средства за хигиена. Ги посетивме и поделивме пакети во с.Пелинце, с.Враготурце,с. Алгуњa – маалите Татариновац и Сејдинце, с.Коинце, с.Челопек, с.Драгоманце, с.Кокино, с. Старо Нагоричане, с.Младо Нагоричане,с.Никуљане, с.Стрновац, с.Облавце,испративме пакет и за селото М’гленце. ХЗ СРЦЕ 2025 с.Старо Нагоричане се заблагодарува на сите хумани жители и компании кои ја покажаа својата хуманост на дело, изјави Давор Арсиќ, претседател на хуманитарно здружение „СРЦЕ 2025“ с.Старо Нагоричане.
„СРЦЕ 2025„ с. Старо Нагоричане е новоформирано здружение со хуман карактер. Претседателот Давор Арсиќ заедно со членовите на здружението и во иднина планираат хуманитарни акции и хуманитарни базари со цел помош на социјално загрозените семејства, потенцираат од хуманитарното здружение.