На трет ден Велигден ќе се избере најубавото јајце
Светол или Велигденски вторник е втор ден по Велигден кога продолжува прославувањето на најголемиот христијански празник – Велигден, како во црквите така и во домовите на православните верници.
Кај народот овој вторник се смета за најдобар и најсреќен вторник во целата календарска година.
По повод големиот христијански празник, а во рамките на манифестацијата „Велигден – ист, на различен начин“ денеска ќе се избере најубавото велигденско јајце во организација на здружението „Живот“.
Во просториите на Занаетчиски дом присутните ќе имаат можност да ги видат уникатните креативни изработки, да ја почувствуваат велигденската атмосфера и да бидат дел од шарениот избор.
Креативност, традиција и радост – сè на едно место, велат од здружението „Живот“.