„Куманово пее за Александра“ вечерва во Центарот за култура

Велигденскиот хуманитарен концерт посветен на нашата млада сограѓанка Александра Митровска ќе се одржи вечерва во големата сала на Центарот за култура со почеток во 19 часот и 30 минути во организација на Асоцијацијата за култура и уметност Мулти Арт и ТВ Плус.

Хуманитарната мисија  која се одржува на вториот ден по Велигден ја поддржаа голем број музичари од Куманово.

Куманово ќе пее за Александра!

Да купиме билет и да придонесеме за поквалитетен живот на нашата Александра!

Се гледаме вечерва во 19.30 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ !