Aгенцијата за oстварување на правата на заедниците во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска во Куманово организираа работилница и дискусија на тема „Остварувањето на граѓанските права и заштита од дискриминација”. Работилницата е во рамките на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата” на Советот на Европа и Европска унија. Целта на ваквите работилници е да се приближи работата на Агенцијата и на Комисијата на граѓаните и претставниците од локалните заедници и локалните самоуправи, како и да им се претстават различните механизми за заштита на нивните права и заштита од дискриминација.
Граѓаните не секогаш ги препознаваат облиците на дискриминација, посочуваат надлежните. Но, поголемиот дел од оние кои што ја препознале и ја пријавиле дискриминацијата е во областа на работните односи, велат од Комисијата за спречување и заштита на дискриминација.
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска вели дека во Општина Куманово не постои дискриминација, но дека честопати етничката припадност се користи за да се добие нешто што не му следува на некој граѓанин на Куманово.
