Соопштение на СДСМ Куманово за проектот „Никола Тесла“

Општинската организација на СДСМ Куманово испрати соопштение до медиумите во врска со проектот на улицата „Никола Тесла“.

Во соопштението се вели:

-Во последно време се почесто сме сведоци на очигледни и бесрамни манипулации со парите на граѓаните на Куманово. Последен пример за тоа е реконструкцијата на улицата Никола Тесла, улица на која се собраа да се сликаат градоначалникот и актуелните пратеници и функционери од коалицијата  ЗНАМ – ДПМНЕ. Улицата се реконструира без разлика што водоводниот систем кој се реконструираше се уште не е предаден под владение на Водовод Куманово, згора на тоа, се реконструира без соодветен тротоар за да се решат проблемите на пешаците на таа улица. Вкупната вредност на проектот е 20 милиони денари.  Проблемот е во тоа што според сите реални калкулации и пазарни цени овој проект не треба да изнесува повеќе од 16 900 000 денари. СДСМ прашува: Како е дојдено до оваа сума од 20 милиони денари и дали е реална? – се наведува во денешното соопштение на  ОО СДСМ Куманово.