Центарот за истражување и одржување на традицијата „Етно фолк студио“ вчеравечер во Занаетчиски дом организираше ревија на народни носии, проследена со музички точки и фолклор. Етно фолк студио додели и благодарници за соработка и придонес во реализацијата на проектот на повеќе претставници на Општина Куманово, на основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Карпош“ од Умин Дол со подрачното во село Љубодраг, како и на членовите на фолклорната група.
ВИДЕО: Ревија на народни носии
