Три лица од Куманово се осомничени во големата акција на Министерството за внатрешни работи поврзана со злоупотреби на право за туѓа нега и инвалидски пензии.
Како што информираат од МВР, сузбиени се две криминални групи кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии, поднесена е кривична пријава против 49 лица, лишени од слобода се 23, а по едно лице се трага.
