ВИДЕО: Амбулантно возило за болницата, донација од кумановска компанија

Кумановската болница денеска доби амбулантно возило, донација од фирмата „Балкан груп ДБ“.

Министерот за здравство Арбен Таравари се надева дека во иднина повеќе компании ќе го следат примерот на фирмата- донатор, најавувајќи дека и Владата планира да набави 100 модерни амбулантни возила.  

-Општата болница Куманово има 4 вакви возила, ова ќе биде петто. Само од почетокот на годината има транспорт на 300 пациенти од Куманово за Скопје, често се користат овие возила и да се пренесат пациентите до нивните домови. Се надевам дека ќе има повеќе општествено одговорни компании кои се подготвени да помагаат во јавно здравствените установи. Инаку, продолжуваме со инвестиции. Од директорот дознав дека веќе се подготвуваат инвестиции за Неврологија, Психијатрија, пералната, кујната и други инвестиции кои што ќе ги направи Општата болница со сопствени средства. Јас кажав, ако најбитните болници се тие во Скопје, Кичево, Штип и Битола, секако и Куманово кажав дека е една од поголемите болници која што дава здравствени услуги на над двеста илјади жители и мораме да имаме почит и да помогнеме толку колку што можеме – рече министерот за здравство Арбен Таравари.

Директорот на Општа болница Куманово, Сашо Стошевски се заблагодари за донацијата и најави набавка на уште едно санитетско возило со сопствени средства.

– Со овој чин сакам да ги поттикнам сите приватни компании во нашата држава, да помогне кој колку може, бидејќи заедно градиме подобро општество – рече Давид Ивановски, сопственик на „Балкан груп ДБ“